Со Зидан доаѓаат и промени во Реал, се очекуваат неколку нови играчи во кадарот во текот на летото, а потребни се засилувања во сите линии од тимот.

Критична е позицијата во средниот ред, се споменуваше Сергеј Милинковиќ Савиќ, потоа и Пол Погба, но далеку пореална опција е фудбалерот на Лион кој воодушеви сезонава, Тангуј Ндомбеле.

22-годишниот фудбалер досега одигра 25 меча во Лига 1 и осум во Лигата на шампионите, а покрај Реал, за него се заинтересирани Манчестер Сити и ПСЖ.

„Никогаш како момче не сум сонувал да бидам дел од некој голем клуб, без разлика дали е Реал, Барса, Сити или некој друг клуб“, изјави Ндомбеле.

Тој има договор до 2023. година, а се споменува дека Лион би можел да го ослободи предвреме за 80 милиони евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде