Славниот ас на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс од оваа седмица отвори ново поглавје во кариерата и го презема англискиот четвртолигаш Олдам на кого веќе му ја донесе првата победа.

Имено првиот тест на Сколс беше на домашен терен против Јеовил, а на истиот се израдува на триумф од 4-1. Неговите избраници одговорија на задачите и остварија висока победа со која му овозможија перфектно деби на новата функција.

-Ова беше добро, но е само почеток. Тоа е се. Знам дека пред нас се потешки тестови почнувајќи од сабота против Кру кои добро играат во моментов, -порача Сколс.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде