Петмина навивачи на Лион заработиле повреди по судир со полицијата во Барселона неколку часа пред натпреварот помеѓу овие две екипи во рамките од лигата на шампионите.

Околу 5.000 најжестоки навивачи на Лион вчера беа присутни во каталонскиот град, а поради проблемите кои ги создале морала да интервенира и полицијата.

Четворица од фановите се со полесни повреди, додека еден претрпел сериозни повреди и поради тоа бил префрлен во болница во Барселона.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде