Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе се соочат првпат по 2017 година откако закажаа меѓусебен полуфинален дуел на Масерсот Индијан Велс.

Надал за место меѓу четворицта најдобри забележа четвртфинална победа над Карен Хачанов со 2-0 во сетови. Во мечот во кој бараше медицинска асистенција поради болики во десното колено, Надал ги доби двата сета по тај-брејк. Шпанецот изјави оти се надева дека се ќе биде во ред и ќе може да се соочи со Роџер Федерер кој до полуфиналето дојде благодарение на победата од 2-0 во сетови над Полјкаот Хуберт Хурказ.

Двајцата великани последен пат се сретнаа во финалето на турнирот во Шангај во октомври 2017 година, Федерер победи во ва сета. Швајцарецот ги доби последните пет пресметки со Надал кој пак води во меѓусебниот дуели со 23-15.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде