Под влијание на циклонот Кристијан, но и на нешто посвежа воздушна маса од север, повторно на повеќе места се очекуваат нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поинтензивни, информира метеорологот Славчо Попоски.

Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за ретка појава на град.

Во вечерните часови денес ќе започне да дува северен ветер кој во северните предели повремено ќе биде и засилен по интензитет. На повисоките планински места ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка

(понекаде и над 10 цм). Исто така локално понатаму се очекува да наврне и позначително количество на воден талог и тоа над 30 л/м2.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени додека посвежо ќе се заджри особено во западните и во северозападните предели од државава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде