Секој човек во животот греши, така и јас. Но не секој ја прифаќа вината и последиците. Јас нема да кукам и да плачам само ќе го кажам следново:

Денес на ден 09.07.2019 година. Официјално ја добив вестта дека сум разрешен од мојата функција како претседател на Бордот на директори во „АДИССДП“ на Република Северна Македонија.

Би сакал лично од мое име, чесно и одговорно како што и од првиот ден па се до денес постапував за секоја моја одлука која ја носев како претседател, да му се ЗАБЛАГОДАРАМ на претседателот на владата г-дин Зоран Заев за укажаната ДОВЕРБА која ми беше дадена за овој период.

Секогаш бев, сум и ќе бидам сервис на граѓаните и ќе се борам за правичност, одговорност и законитост во државата.

Од низа ситуации во животот човек учи дека функцијата неможе никогаш да те направи нешто што не си бил, тоа го носиш во себе, а тоа се основните клучни работи на една личност: ОДГОВОРНОСТ, ЛОЈАЛНОСТ и ПРАВИЧНОСТ:

Исто така им се заблагодарувам на сите чесни и трудољубиви граѓани кои секогаш ми веруваа во моето професионално работење и ќе продолжиме заедно за поуспешна иднина на нашите идни генерации.

Поздрав, Професор Џеват Исени.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде