Повеќе од 400 пожарникари го гаснат огромниот пожар што ја зафати катедралата во Париз, соопшти париската пожарникарска служба и додава дека се работи за гаснење на многу тежок пожар.

Додека се гасне пожарот се слуша француската химна, а насобраниот народ пее пред катедралата.

Невозможно е пожарот да се гасне од воздух, како што беше предложено од многу парижани, но и од американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи тоа може да доведе до колапс на целата зграда.

Огнот веќе два часа ја уништува катедралата чија купшола веќе се урна, а пожарникарите го гаснат пожарот од земја, додека некои видоки делови на катедралата воопшто не можат да ги дофатат.

Се огласи и УНЕСКО дека ќе учествува во обнова на катедралата со француските власти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде