Милиони лежалки за бебиња од произведувачот „Fisher-Price“ се повелечени од пазарот по смртта на повеќе десетици бебиња, објави американската комисија за безбедност на потрошувачите CPSC, пренесуваат медиумите во саботата.

„Смртните случаи на бебињата се случиле во лежалките Rock ‘n Play, откако бебињата се свртиле на стомакот или настрана додека не биле под надзор, или во други околности“, се наведува во соопштението на споменатата комисија.

Најмалку 32 бебиња починале во споменатите лежалки од 2009 година, утврдила комисијата во својот извештај. Ќе бидат повлечени околу 4,7 милиони вакви производи, се додава. Од „Fisher-Price“ во петокот соопштија дека доброволно го повлекле „сите примероци“ од производот „во партнерство“ со CPSC.

„Иако и натаму стоиме зад безбедноста на нашите производи, имајќи ги предвид пријавените инциденти во кои производот се користел спротивно на предупредувањата за безбедноста и упатсвата, решивме… дека доброволното повлекувње е најдобар начин за делување“, соопшти компанијата која е во сопствеништво на „Mattel“.

Американската предијатарска академија претходно во вторникот повика да се пповлечат од пазарот споменатите лежалки. Нејзиниот претседагел Кајл Јасуда лежалките ги нарече „смртоносни“ и рече дека е неопходно „веднаш да се преземе акција“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде