Хрватскиот театарски, телевизиски и филмски актер Јосип Зовко загина во сообраќајна несреќа на 49-годишна возраст.

Полициската управа на Груда потврди дека Зовко е загинатиот хрватски државјанин, објави 24 часа.hr.

Две возила со имотски регистрации се судрија вчера околу 15:00 часот во Грудско Врило на магистралниот пат Груде – Горица.

Зовко загина, а другиот учесник во несреќата е сериозно повреден.

Јосип Зовко е роден во Сплит во 1970 година, а дипломирал на Академијата за драмски уметности во Загреб. Член на Драмата на ХНК Сплит стана во 1995 година, а во речиси 25 години театарска кариера има остварено многу значајни улоги, а и ја доби наградата „Вељко Маричиќ“ на Меѓународниот фестивал на мали сцени за улогата во претставата „Бијело“ на Дубравко Михановиќ, во режија на Иван Леo Лемo, во 1998 година.

Од ТВ-екраните на гледачите најмногу им е познат по неговите улоги во сериите „Наши и ваши“, „Битанги и принцези“, и глумеше во филмовите „Бела Бјондина“, „Верувам во ангели“, „Најголемата грешка на Алберт Ајнштајн”, „Трешета” „Холдинг“, „Анте се враќа дома“.

Неговата најпозната улога беше во филмот во режија на Огњен Свиличиќ, „Да ми је бити морски пас“ во 1999 година, што му беше и првото големо појавување пред камерите. За улогата на Мате во споменатиот филм, тој ја доби наградата на хрватското глумиште.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде