Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која го воодушеви светот со своите реакции по терористичкиот напад што се случи минатиот месец во оваа земја кога загинаа 50 лица, повторно предизвика позитивни критики со новиот гест.

Овој пат го привлече вниманието со својата хуманост и спонтаност така што за време на пазарувањето во супермаркет ѝ ја плати сметката за намирници на жената која го заборавила паричникот, а со неа биле две деца кои нервозно плачеле чекајќи конечно да излезат од супермаркетот.

Хелена Барнс, пријателка на жената на која премиерката ѝ ги плати намирниците, ја објави оваа приказна на „Твитер“.

Премиерката на Нов Зеланд ја потврди оваа приказна кога беше гостинка во една емисија, велејќи дека тоа го направила бидејќи жената со децата што плачат е сепак – мајка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде