Слајс е иновативната стартап компанија која стана вистински профитабилен бизнис во САД е Илир Села, роден во Дебар, но израснат и образован во САД. Во 2009 година започнал да ја следи својата деловна идеја истовремено во Њујорк и во Дебар: онлајн платформа за нарачување пица при што им овозможува на купувачите да најдат и да нарачаат од малите, локални, независни пицерии, услуга што придонесе за растот на пазарот и конкурентноста на овие пицерии. Денес Слајс има пет канцеларии. Покрај Њујорк и Дебар, компанијата исто така работи и во Белфаст, Охрид, а од неодамна и во Скопје, со речиси 500 вработени и со планови да се зголеми на 1.000 до 2020 година. Повеќе од 11.000 пицерии во САД ја користат услугата на Слајс што им овозможи и придонесе за раст на нивниот бизнис од 4 до 6 пати. Ова е приказната за Слајс директно од сопственикот и основач, Илир Села.

“Силно препорачувам другите глобални компании да размислат за зголемување на нивниот бизнис со изградба на база на вработени во Северна Македонија. Овде постои одлична можност да ангажирате паметни луѓе со голема страст и желба за работа. Од нашето искуство тимовите во Дебар и Охрид се апсолутно професионални и талентирани, а Слајс се потпира на македонските кадри од сите професионални сектори. Нашите македонски вработени беа клучни за нашиот успех и ние сме благодарни за нивната напорна работа и посветеност.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде