Доцна синоќа Владата одржа вонредна седница по трагичната сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Скопје -Тетово во близина на село Ласкарци. Владата ги прогласи 14 и 15 февруари за Денови на жалост, во сеќавање на нашите сограѓани кои трагично ги загубија животите.

На Деновите на жалост, знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

Како што инфoрмираше вчера премиерот Зоран Заев, автобусот се движел на релација Скопје-Тетово, несреќата се случила кај село Ласкарци. Не се утврдени причините, истрагата е под раководство на надлежниот обвинител.

Автобусот поминал директно на спротивната страна, ја поминувал спротивната страна, влегол и на регионалниот пат, по што паднал од него во удолнина.Веднаш интервенираа сите институции, вклучително МВР и државните болници, но и сите приватни болници коишто промтно и безпоговорно веднаш ги испратија сите свои ресурси.

Животите ги загубија 14 лица. Седум починале на лице место на несреќата. 37 лица биле хоспитализирани во болницата 8-ми септември, односно донесени, 6 од тие 37 лица се починати во 8-ми септември. Во Свети Наум Охридски почина едно починато лице, 2 лица биле пренесени во Тетово и се во добра состојба, едно лице е на домашно лекување од Гостивар, во Мајка Тереза, 8 лица од кои 3 се со сериозни повреди”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде