Денеска и утре ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Велес-Градско за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Според АМСМ, ообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде