Никола Марковиќ од селото Негосавље кај Медвеџе извршил самоубиство во понеделник во семејната куќа, откако со пиштолот на својот татко пукал во својата уста.

Телото на детето го нашле домашните во 18. часот, а покрај телото е најдено и проштално писмо, во кое Никола наводно навел причина поради која одлучил да си го одземе животот.

Како што информира Курир.рс во писмото било напишано:

„Не можам веќе да поднесам критики поради лошите оцени. Сега веќе нема да има кој да критикувате. Се надевам дека детето кое мама ќе го роди ќе биде подобро од мене, се надевам дека тоа ќе ве усреќи. Немам ништо да ви оставам освен заштедата од 15 евра“, напишал Никола.

Детето живеело со родителите, мајката која е во седмиот месец од бременоста, таткото и помала сестра. Според информациите на српските медиуми, момчето во неделата ја отворил насила фиоката во која татко му го чувал пиштолот. Неговиот татко е ловец и поради тоа имал оружје кое легално го поседувал. Го чувал заклучено во фиока, но за жал, Никола успеал да ја обие фиоката.  Во моментот на самоубиството бил сам дома.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде