Zagreb, 040713. Trg bana Jelacica. Gradonacelnik Zagreba Milan Bandic otvorio je 13. Markov sajam koji se odrzava na sredisnjem zagrebackom trgu u spomen na tradiciju obrtnistva. Zagrepcanima i njihovim gostima svoje proizvode i stare zanate predstavilo je 60-ak izlagaca. Na slici: Milan Bandic. Foto: Damjan Tadic / CROPIX

Стотина членови на академската заедница се собраа синоќа пред седиштето на Универзитетот во Загреб, изразувајќи противење за предлогот на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ да му се додели почесен докторат на таа образовна установа.

Учесниците на протестот оценија дека овој период спаѓа во „најцрните денови на Универзитетот”, дека навистина се срамат поради тоа и најавија оти денот кога тие протестираат ќе претставува пресврт.

Протестот почна кај споменикот „Извор на животот”, а го организираше и водеше Стјепан Перко од Факултетот за политички науки во Загреб, кој рече дека чувствува срам што е предложено на „неколкупати обвинетиот Милан Бандиќ” да му се додели каква било почесна титула, а не, пак, докторска.

Студентот Кристијан Орешковиќ наведе дека се срами што има индекс од Универзитетот во Загреб  и дека „не се исплати да се работи и да се биде креативен, туку подобро е да се биде подобен и да се има свој човек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде