Македонија ќе настапи на денешниот натпревар со Бахреин со истиот состав како и на премиерниот меч од СП 2019 против Јапонија.

Сосема очекувана одлука донесена од Раул Гонзалес, со оглед на доброто издание и убедливата победа над „самураите“, настап што се очекува да се повтори и попладнево на дуелот со Бахреин.

Ова значи дека Ристовски и Митревски остануваат голмани и за денешната средба, која Даскалоски повторно ќе ја следи од трибините на „Олимпија Хале“. Друштво на искусниот чувар на мрежата ќе му прави младиот пивот Лазаревски.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде