По  завршувањето на основното образование во Штип, се запиша во  средното училиште Орце Николов во Скопје . Го заврши средното образование со просечна оценка -5! Во родниот Штип  најмногу се „палеше“ на  шахот. Прв шаховски учител му беше Тодор Голомеов, познат шахист од Штип. Впрочем, Тодор Голомеов е најголем  „виновник“  за метеорскиот пробив на младото момче. Од Скопје, по завршувањето на средното образование , се запиша на престижниот Универзитет ОКСФОРД, со македонска стипендија.

Станува збор за 18 годишниот Филип  Михов, кој  ја посетува првата година на Универзитетот Оксфорд, информатичка насока. Филип Михов е и одличен шахист.

„На Универзитетот во Оксфорд  се води грижа за се. Бев среќен кога ми сооштија  дека  јас треба да ги бранам боите на  мојот Универзитет, како член на екипата во средбата со Универзитетот во Кембриџ. Двата универзитета имаат една голема, стара традиција. Таа  постои од  1873 година. Таа традиција била прекината само во Втората светска војна. Годинава во Лондон  се одигра  137 меѓусебна средба на  студентите на Оксфорд и Камбриџ. Имав чест да играм  за екипата на Оксфорд во која и во екипата на Кембриџ играа многу познати велемајстори од целиот свет, меѓу нив и познатата светска шампионка  Хоу Јифан. Нашата  екипа победи со  4,5 – 3,5. Јас  забележав победа играјќи со  црни фигури  и донесов победа на Оксфорд  репрезентацијата. Неколку познати светски велемајстори ги коментираа партиите пред посетителите….“- ни изјави Филип Михов. Токму фотографијата  која може да се забележи  на ФБ  е  шаховската  репрезентација на  Оксфорд, во која играше и Филип  Михов

Младото момче сака еден ден да биде и интернационален ФИДЕ мајстор, а потоа и велемајстор.Филип Михов во 2017 година беше младински првак на Македонија, а 2016 година победи на отвореното првенство  за сениори во Парачин. Филип Михов , по завржувањето на Универзитетот Оксфорд,ќе се врати во Македонија. На овој универзитет студираат уште  7  Македонци. Се дружиме и си помагаме…“- додаде на крајот Филип Михов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде