Чудни се овие нашиве соседи Бугари,не само што нас не‘ ослободиле, туку биле и првите освојувачи, истражувачи на вселената. По неа оделе со нивниот меѓуѕвезден брод “Ентерпрајз“.Не, тоа не е американски брод, тоа е бугарски со американски нагласок.

По таа историска траекторија се движи и поранешниот бугарски претседател Георги Прванов ( бидејќи во сите работи е прв, тој е “Капетан лаѓе“).

Во интервју на националната бугарска телевизија БНТ изјави дека во Скопје мора да признаат дека македонската државност се создала врз вековната сила на бугарската држава. Бугарската борба за слобода доведе до создавање на македонската држава“, рече Прванов и додаде дека Македонија треба да стане членка на ЕУ и НАТО.

Не сме заеле дека Второто заседание на АВНОЈ, како и првото заседание на АСНОМ се одржале во Бугарија…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде