Смедеревскиот виши суд изрече мерка задолжително психијатриско лекување на 42-годишната Сања Николиќ од Смедерево, лаборантка во Земјоделско-советодавната стручна служба, обвинета за обид на тешко убиство откако на своите колеги им сипала пестицид во кафето. Таа е уапсена во април 2018 година поради сомнение дека во сад со кафе, од кое пијат сите нејзини колеги на работа, ставила пестицид метомил – отров од прва категорија.

Судот во првостепена постапка на Сања Николиќ ? изрекол мерка задолжително псхијатриско лекување и чување во установа од затворен тип, потврдил судот Мрко Јоциќ, бидејќи извршила кривично дело во законот означено како тешко убиство во обид. Судијата Јоциќ навел дека оваа мерка не подразбира временско ограничување, односно може да трае додека е неопходна, како што ќе проценат експертите. На оваа одлука, обвинетата има право на жалба.

Да потсетиме, со „токсично кафе“ послужени биле двајца клиенти, кои тој ден случајно биле во установата каде што работњела Сања. Уште при првата голтка кафе, веднаш им се слошило. Итно биле префрлени во смедеревската болница, а потоа и во Клиничкиот центар во Белград. Останале живи само поради брзата интервенција на лекариоте.

Мотивот кој лаборантката ја натерал на ваков потег не е баш најјасен. Таа за време на судењата постојано негорала дека извршила кривично дело, дека всушност станува збор за завера на нејзините колегии да ? се одмаздат. Таа дури своите колеги ги обвинила дека ? наместиле силување, но при истрагата која ја спровела полицијата, установено е дека станува збор за лажна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде