Рускиот претседател, Владимир Путин, минатата година заработил 135.000 долари, што е за околу 20.000 помалку отколку во 2017 година, покажува неговата даночна пријава објавена на веб-страницата на Кремљ.

Просечните месечни примања на Путин лани биле 11.200 долари, пренесува руската агенција „Тас-с“.

Во пријавата се наведува дека имотот на Путин во текот на изминатата година не се сменил. Тој поседува стан од 77 метри квадратни и гаража од 18 метри квадратни. Исто така, користи и стан со површина од 153 метри квадратни и паркинг место од 18 квадрати. Целиот имот што Путин го пријавил се наоѓа во Русија.

Тој е сопственик и на два стари модели на автомобили Волга ГАЗ М21 како и теренско возило Нива и камп приколка Скиф.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде