Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор тука преставува политиката на САД и на некои западни земји, чија цел е зајакнување на нивната доминација во регионот, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Политика“ и „Вечерни новости“, кое доаѓа во пресрет на неговата посета на Србија.

„Уште во 1999 година, силите на НАТО без санкција на ОН два и пол месеци ја бомбардираа Југославија, а потоа насилно ја одделија автономната покраина Косово. Во 2008 година, Вашингтон и неговите сојузници го подржаа нелегитимното прогласување на независноста на Косово. Во 2017 година, и покрај ставот на половина од населението, Црна Гора беше вовлечена во НАТО. Беа исплашени од референдумот за ова прашање и како резултат на тоа, земјата сега минува низ период на политичка нестабилност“, изјави Путин.

Путин додава дека минатата година, поради, како што посочи форсирано зачленување на Македонија во НАТО, бил дури покренат и процесот на усвојување на уставните амандмани и промената на името на државата, како и ревизија на основите на македонскиот национален идентитет. И притоа вели рускиот претседател била игнорирана волјата на македонскиот народ, кој на референдумот за промена на името се изјаснил против, но надворешниот притисок вели Путин продолжи.

„Нашата земја,знаејќи и разбирајќи ја комплексноста на Балканот и историјата на регионот, секогаш го сметаше за простор за конструктивна соработка. Денес Русија на Балканот има многу пријатели, меѓу кои посебно место зазема стратешкиот партнер, а тоа е Србија“, истакна Путин.

Рускиот претседател во своето интервју исто така ги оцени како добри и односите со Босна и Херцеговина, особено со Република Српска, додека за односите на Москва со Хрватска и Словенија, тој рече дека прогресивно се развиваат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде