Штипската полицијата  на  улицата Радански пат во Штип  повторно имаше сериозен инцидент  откако од жители на оваа населба беше спречана во  работата.  Во  врска со овој инциденти денес се огасли и СВР Штип:

„На 24.03.2019 година во 12.15 часот на ул„Маршал Тито “ пред Трговски центар во Штип додека полициски службеници вршеле контрола на патничко моторно возило, на возачот Т.А. (33) од Штип му биле побарани возачки документи при што истиот го стартувал возилото и повредил еден полициски службеник во пределот на ногата по што го напуштил местото на настанот.Веднаш биле превземени мерки за пронаоѓање на возачот и возилото по што на ул.Радански пат во Штип пред службеното возило застанало патничко возило БМВ со штипски регистарски таблици кое удрило во службеното возило. Од возилото БМВ излегле две лица, од кои едното бил возачот кој претходно го повредил полицаецот по што почнале да удираат по службеното возило и физички нападнале полициски службеник. Притоа се собрала група од повеќе лица, кои се обиделе да спречат преземање на службени дејствија. Од страна на полициски службеник бил испукан еден куршум во воздух од службениот пиштол заради заплашување при што нема повредени лица. Во разговорот во полициската станица лицето се пожалило дека за време на настанот од страна на полициски службеник бил удрен во пределот на главата. За настанот известен е ОЈО Штип и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди заради превземање на мерки од нивна надлежност“  стои во соопштението на СВР Штип

За потсетување, пред околу  2 месеци грагани се жалеа на криминални групи кои делуваат  на оваа и некои соседни улици,  малку потоа  возачи се жалеа на насилство при минување  а  засега кулминација на  самоволието  е  вчерашниот инцидент со полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде