Поранешниот шампион на Англија, Лестер Сити се наоѓа пред пресвртница во својата сезона и иднина. Имено, клубот размислува да го отпушти менаџерот Клод Пуел по катастрофално слабите изданија оваа зима. „Лисиците“ загубија четири од последните пет натпревари во Премиер лига.

Главен фаворит да го замени Французинот е искусниот Шпанецот Рафаел Бенитез, кој го води Њукасл, а има договор до крајот на сезоната. Некои медиуми од Англија тврдат и дека Бенитез дал согласност за преземање на клупата на Лестер Сити.

Резервни опции за заменик на Клод Пуел се Дејвид Вагнер и Брендан Роџерс.

Во тековниот шампионат, Лестер Сити се наоѓа на 12. место со 32 бода по 26 одиграни кола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде