Гласот на Америка, повикувајќи се на Белата куќа, го објави мени, а според него Трамп и Ким почнале со мешавина од ракчиња, азиска зелка, авокадо, свеж лимон и билки. За главно јадење уживале во лесно печено месо во сос и кимичи – традиционално корејско национално јадење, подготвено од ферментиран сезонски зеленчук и други состојки во крушка. За десерт им била послужена чоколадна лава торта со зрнесто овошје и сладолен од ванила.

За време на вечерата, која траела еден час и 42 минути, двајцата претседатели пиеле пунч со сушена јапонска јаболка и мед.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде