Болната елиминација од Ајакс во Лигата на шампионите беше послдниот тежок удар кој го заработи Реал Мадрид оваа сезона, а како што информира угледниот мадридски весник „АС“, истиот предизвика и бурна реакција од претседателот Флорентино Перез која не наишла на одобрување кај најважниот играч во тимот.

Серхио Рамос самостојно се „избриша“ од реванш дуелот со Ајакс и тоа се покажа како погрешна и кобна одлука за составот на Сантијаго Солари, но сепак капитенот бил тука за своите соиграчи по крајот на мечот и се симнал во соблекувалната за да ги утеши за тешкиот пораз од 1:4. Реномираниот „АС“ денеска се повика на свои инсајдерски дојави и обелодени дека во соблекувалната на Реал се симнал и претседателот Перез, а иако првично почнал мирно да им се обраќа на играчите, во продолжение го повишил тонот и почнал да ги осудува за недостатокот на посветеност и желба на теренот. Првиот човек на клубот почнал да ги доведува во прашање и слободните денови кои ги добиваат од Солари, по што свој настап имал капитенот кој доста жестоко му возвратил на Перез и го посочил него како главен виновник за ужасната сезона поради лошиот план и трансфер политика изминатово лето.

– Плати ме и ќе си одам, – му порачал лутиот Рамос на Перез во жестоката расправија, а во продолжение додал.

– Јас давам се и го оставив срцето за овој грб, за овој клуб, па дури и за тебе, – му се обратил Серхио на претседателот пред сите играчи во соблекувалната, по што следела повеќечасовна дискусија меѓу Флорентино и неговите помошници за тоа како Реал ќе ја доврши сезоната.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде