Овој несекојдневен инцидент се случил во ноќта меѓу неделата и понеделникот, а во истиот уништен е влезот во продавницата Томи пред кој се наоѓал банкоматот, пренесува Хина.

Полицијата информацијата за експлозијата ја добила во 1.30 по полноќ и во моментов истрагата е во тек.

Минатата година се случи слична кражба кога двајца непознати разбојници разнесоа банкомат со плинска боца и однесоа повеќе од милион куни (околу 67.000 евра).

Освен со експлозија и со помош на шифри, банкоматите во разни банки низ Хрватска се ограбуваа и со употребата на таканаречените “скимери“ – уреди за вчитување на банковните картички кои крадците тајно ги поставуваат на банкоматите.

Поставувањето на “скимерите“ претходните години беше честа појава, посебно на приморјето за време на туристичката сезона.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде