До редакцијата Прес Центар стигнаа неколку критики/реакции за екс градоначалникот на Штип Илчо Захариев како тоа сурово се однесувал кон сопственото дете, па дури и на денот кога си го закопа синот, наместо во Штип каде е роден Александар Захариев, синот на Илчо Захариев е погребан на селските гробишта во село Звегор Делчевско.

Како „татко“ на градот, по губењето на изборите Илчо Захариев како да го замразил градот со кој „командуваше“ четири години. Блиски другари и другарки на Александар раскажуваат дека истиот повеќе време сам живеел во Звегор и многу ретко доаѓал во Штип.

Релацијата татко – син била како „скарани пријатели“, како и да е сеуште е осетлива темата за пишување на вакви теми, не е лесно да 23 годишно дете замине два метри под земја бесејќи се, за кое има еден куп разно – разни муабети за причините, но како велат, вистинската причина единствено ја знае оној кој го направил тоа во случајот младиот Александар. 

Да не ја „разгоруваме“ темата бидејќи е осетлива доста.

Александар почивај во мир, другарите и другарките, пријателите/ките нема да те заборават и ќе го посетуваат твојот вечен дом иако не е во Штип.

Имено честа узречица на Илчо Захариев додека бил градоначалник и кај граѓани кои го прашувале за некои маки кои ги имаат често знаел да каже „Земи обеси се“…

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде