Српскиот напаѓач денеска ги мина лекарските прегледи во Мадрид, а потоа потпиша договор со шпанскиот великан.

Јовиќ со Реал потпиша договор на шест години, а Ајнтрахт ќе инкасира 60 милиони евра со можност за дополнителна заработка преку одредени бонуси.

Третина од споменатиот износ ќе му припадне и на неговиот некогашен клуб Бенфика со која до пред два месеци беше под договор.

„Ви благодарам на сите што дојдовте во толкав број, му благодарам на претседателот за сето ова. Јас сум најсреќниот човек на светот што потпишав договор со Реал Мадрид. За мене ова е предизвик, сигурен сум дека ја донесов најдобрата можна одлука. Ќе дадам се од себе за Реал да освои уште многу трофеи и титули. Ви благодарам на сите“, порача Јовиќ.

Лука Јовиќ минатата сезона одигра 48 меча за Ајнтрахт во сите натпреварувања и постигна 27 гола и запиша седум асистенции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде