Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на прес конференцијата пред важниот меч со Вест Хем го обвини Реал Мадрид дека почнале кампања за доведување на Пол Погба.

Како што пишуваат бројни медиуми,  Погба во последните неколку седмици потполно го променил односот кон клубот и тренинзите, па Оле смета дека за тоа е виновен Реал Мадрид.

„Можно е да постои кампања за негово доведување. Никогаш не знаете што се случува зад кулисите, но се е можно. Не може да кажам дека лично гледам промени во неговото однесување бидејќи тој е голем професионалец“ истакна Солскјер.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде