Новиот рекордер во најкраток период поминат на слобода е Кејси Луис од Флорида, кој повторно е уапсен само неколку минути откако излегол од затвор.

Луис не издржал да стигне ниту до улицата откако го пуштиле од затвор, а веќе бил фатен како ги крши автомобилите и тоа на затворскиот паркинг.

Како што објаснил шерифот на оваа област, Сент Луис, овој 37-годишен криминалец, во четвртокот излегол од затворот во кој бил поради кражба, но бил пуштен со кауција од 11.250 долари.

„Откако е ослободен, надлежните го виделе Луис како ја крши бравата на еден од паркираните автомобили и сфатиле дека всушност искршил неколку возила – тука, пред затворот“, велат од канцеларијата на шерифот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде