Владата на Србија усвои заклучок за користење на името Северна Македонија, а врз основа на известувањето од македонската влада упатено до сите членки на Обединетите нации. „Ако се има предвид дека Србија има добри односи со оваа соседна земја и дека дека промената на името е спроведено на правно валиден начин, Владата на Србија ја констатира промената на името и во идната комуникација ќе се користи името Република Северна Македонија или скратеното име Северна Македонија“, стои во соопштението на српската влада.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде