Специјалитетите на еден јужноафрикански ресторан содржат инсекти откако сопственичката одлучила да се стреми кон популаризација на таквите јадења. Сладолед од муви, палента од црви, паста со ларви, се само дел од нивните необични специјалитети.

Во светот постојат околу 1.900 познати инсекти кои можат да се јадат, а многу народи ширум платенава навистина ги користат во исхраната, вели Организацијата за храна и агрикултура при ООН.

Gourmet Grubb е компанија за производство на храва која се наоѓа во Јужна Африка и чиј најнов производ е сладоледот EntoMilk. Не би имало ништо посебно во уште еден од илјадниците сладоледи ширум светот доколку не беше направен со Hermetia illucens, црна мува-војник.

Тие во јуни годинава во Кејп Таун отворија мал ресторан начерен The Insect Experience каде на менито може да се најдат единствено јадења кои се направени на база на инсекти и се подготвени со истото внимание како останатите светски деликатеси.

„Инсектите кои можат да се јадат се неверојатно здрави. Тие содржат високо ниво на протеини и тоа оние квалитетни кои имаат амино-киселина токму онаква каква што му е потребна на човекот. Исто така богати се со железо, цинк и влакна“, вели сопственикот Лија Беса.

„Инсектите се крајно неискористени, а исто така и не се добро истражени. Затоа сакавме да пробаме да го извадиме на виделина нивниот потенцијал и да го популаризираме нивниот вкус бидејќи луѓето навистина знаат премалку за нив, како на пример каков вкус имаат и за што можат да се искористат.“

„Се обидуваме јадењата да ги направиме привлечни на изглед за сите оние кои првпат среќаваат такво нешто. Тоа помаѓа да се урне менталниот блок што луѓето го имаат кон инсектите како храна“, додава главниот шеф Марио Бернард.

Додека во некои делови од светот таквата исхрана е табу, околу две милијарди луѓе консумираат инсекти. Најмногу во делови од Азија, Африка и Латинска Америка. И тоа не е ништо ново бидејќи јадењето инсекти отсекогаш било дел од човековата историја.

Најголемиот дел од инсектите кои Беса ги користи во својот ресторан се локални, но има и такви кои ги увезува. Таков е примерот со Gonimbrasia belina, вид на црв кој го набавува од соседот Зимбабве.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде