Англиската Премиер лига доживеа голем срам откако принудно и во последен момент беше заменет главниот судија за натпреварот меѓу Челси и Лестер.

Средбата му беше доделена на Греем Скот, но правдата ја дели Оливер Лангфорд кој првично требаше да биде само четврти судија на овој премиерлигашки натпревар. Причината е несекојдневна, односно Скот заглавил во сообраќајот во Лондон кој во одреден дел бил во застој поради сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе автомобили. Медиумите обвинија за несериозност бидејќи главниот судија требало многу порано да биде во градот, а не директно да патува за натпреварот неколку часа пред неговиот почеток.

Скот стигнал на „Стемфорд Бриџ“ само неколку минути пред почетокот на средбата, поради што уште претходно било јасно дека нема да може да биде главен судија. Ова значеше и принудно премиерлигашко деби за Лангфорд кој досега нема судено во најелитната англиска лига.

За ситуацијата со Скот да биде уште поинтересна се погрижија фановите кои му се потсмеваат на судијата испровоцирани и од фактот што тој беше дел од ВАР тимот кој вчера му го поништи голот на Манчестер Сити против Тотенхем.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде