Поранешниот легендарен фудбалер на Милан и репрезентативец на Холандија, Руд Гулит гостуваше во студиото на „БеИн Спортс“ за време на вчерашните натпревари од Лигата на шампионите.

Во една прилика Гулит го посочи Кристијано Роналдо како најдобар фудбалер на сите времиња и јасно даде до знаење зошто би го избрал него пред Лионел Меси.

-Дали Роналдо е најдобар на сите времиња? Мислам. Тој со својата репрезентација го освои Европското првенство. Освојуваше се и сешто каде и да одеше, во три различни земји. Пет пати ја доби Златната топка. Луѓето продолжуваат да го споредуваат со други, но тој освои се каде и да играше. Тоа е неверојатно достигнување.

– Меси не е ни блиску да освои нешто со Аргентина. Може да бидете надарени со натчовечки талент но мора да бидат анализирани и одредени фактори, -заклучи Руд Гулит.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде