Прашањето на кое многумина се трудат да добијат одговор, а се чини никогаш нема да биде решено е кој е подобар од Крисијано Ронало и Лионел Меси.

За ова прашање за првпат јавно проговори Португалецот кој без лажна скромност истакна дека тој е подобар од Аргентинецот и ги наведе причините.

„Разликата помеѓу мене и Меси е тоа што јас играв за различни клубови и ја освојував Лигата на шампиони. Бев најдобар стрелец на истата шест пати по ред. Ретки се играчите кои пет пати триумфирале во тоа натпреварување. Јас се идентификувам со Лигата на шампшиони“, рече Роналдо во интервју за „Дазан“ и додаде:

„Меси е одличен играч кој нема да биде запомнет само по „Златните топки“ туку и поради тоа што секогаш е на врвот, сезона по сезона, исто како и јас“, заврши Роналдо.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде