Најдобриот играч на Португалија, Кристијано Роналдо поради повреда мораше од клупа да го гледа дуелот против Србија во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 година, кој на крајот заврши без победник 1-1.

Ѕвездата на Јувентус пред новинарите откри дека ќе паузира две до три недели иако нема официјална потврда од лекарски тим.

Роналдо во микс-зоната ги мина новинарите од Србија, додека пред локалните новинари открил неколку информации околу целата ситуација.„Мојата повреда? Не сум премногу загрижен. Добро го познавам своето тело, за две недели ќе бидам подготвен“, изјави Роналдо, кој го напушти теренот по само 30. минути игра, сам побара замена, нешто што ретко се случува.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде