Рони О’Саливен го победи Нил Робертсон (10:4) во финалето на престижниот шампионат на играчи, а на последниот дуел на овој турнир испиша и нова страница во историјата на снукерот.

„Ракетата“ стана прв играч во историјата кој стигнал до 1.000 сенчри (брејк од 100 или повеќе поени), а до јубилејниот број стигна во последниот фрејм кој го доби со брејк од дури 134 поени.

За О’Саливен ова е уште едно важно постигнување во неверојатната кариера, а големината на истото го покажува и фактот што зад него во рангирањето остануваат легендарниот Стивен Хендри со 775 и Џон Хигинс со 745 сенчри брејкови во професионалната кариера.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде