Рускиот Парламент денеска донесе закон кој предвидува казни до 1,5 милиони рубљи (22.750 долари) за „лажни вести“.

Регулаторно телото за медиумски мониторинг Роскомнадзор ќе им препорача на медиумите да ги избришат материјалите, кои предизвикуваат немир, се наведува во соопштението на Државната Дума, Долниот дом на рускиот Парламент.

Доколку посочената содржина не биде отстранета, властите ќе ги задолжат интернет провајдерите да ја блокираат адресата.

Минатата недела „Репортери без граници“ ги повика интернет платформите „да се спротивстават на притисокот на руската Влада и да ја заштитат слободата на изразување“.

Организацијата за слобода на медиумите посочи голем број веб-страници, блокирани во Русија, но
достапни од Германија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде