Нивото на радијација е зголемено за 16 пати, a жителите утре мора да ја напуштат областа на Северодвинск.

Руските власти ги советувале жителите на Нионска со воз да го напуштат селото поради наводно однапред планирани активности на војската.

Руската метеоролошка агенција објави дека нивото на радијација во северниот град Северодвинск се искачила меѓу 4 и 16 пати, по експлозијата при тестирање на ракетен мотор од морска платформа.

Министерството за одбрана првично објави дека позадинското зрачење останало на нормално ниво по несреќата во четвртокот, но градските власти на Северодвинск откриле краток пораст на нивото на радијација.

Гринпис тврди дека зрачењето е зголемено за 20 пати.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде