Насилството врз жените и девојките ќе се третира како кривично дело и тоа без разлика дали е физичко, психичко, на работното место, јавен простор или најновото, сајбер насилство. Ова се некои од законските измени, што Македонија треба да ги направи – изјави Бети Пеева од НВО „Ехо“ од Штип.

Пеева е вклучена и во пилот проектот кој се спроведува во Штип и во Струмица, вели дека насилниците на овој начин ќе одговараат согласно Кривичниот законик, а за тоа колкава ќе биде затворската казна, треба да каже експертската јавност. Хрватска и Србија се држави каде што ова е веќе направено, а Македонија и Косово во моментов го работат.

– Она што дефинитивно инсистира Истанбулската конвенција е всушност дека треба да се има многу широк, мултусекторски интегративен пристап во спречување и заштитата на жените и девојките од насилство. Меѓутоа и ова да се третира како кривично дело. Секое насилство врз жени и девојки да се третира по службена должност, односно како кривично дело – вели Пеева.

Во новите законски измени ангажирани се експерти, невладини организации и од  министерствата, а придонес има и телото на ООН за родова рамноправност и жени, што и претходните години дало силна поддршка за овој процес да се истурка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде