Ехуд Арје Ланиадо бил трговец со дијаманти и милијардер. Тој починал на 65-годишна возраст, за време на операција за зголемување на пенисот.

Тој интервенцијата ја правел во клиника во Париз. За време на операцијата тој имал срцев удар, како реакција на супстанца која се вбризгува во половиот орган и која е вообичаена процедура при вакви операции.

Неговата компанија Omega Diamonds, со седиште во Антверп, Белгија, потврди дека Ланиадо починал.

„Се збогуваме со еден визионерски бизнисмен. Со голема тага потврдуваме дека нашиот основаш Ехуд Арје Ланиадо почина“, стои во соопштението од компанијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде