Шокантни најави доаѓаат од Париз, барем според пишувањата на тамошните медиуми. Имено може лесно да се случи Николас Саркози, некогашниот претседател на Франција, да дојде на чело на ПСЖ. И тоа како замена за Насер ал Келаифа, кој по најновиот неуспех во ЛШ ќе морал да си оди.

Со Саркози се шпекулира и поради тоа дека тој во неколку наврати е виден во ложата на „светците”, дека секогаш е радо виден гостин во ПСЖ. Во врска со овие шпекулации самиот Саркози се нема изјаснето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде