Прославениот голгетер Саво Милошевиќ е прв избор за нов тренер на Партизан. Ова е изненадувачка одлука, со оглед дека во ниту еден момент не се споменуваше како решение и замена за Зоран Мирковиќ на клупата на белградските црно-бели.

Кандидати беа Жарко Лазетиќ и Илија Столица, но одеднаш веројатно челниците на Партизан се решиле за Милошевиќ.

Милошевиќ до сега нема работено на оваа позиција, а бил помошник на Бранко Брновиќ на клупата на селекцијата на Црна Гора. Зимоска се споменуваше дека би можел да замине во Индија.

Во Партизан остави голема трага како играч. Милошевиќ потекнува токму од овој клуб. До сега три пати се споменуваше како кандидат за претседателското место на белградскиот клуб, но никогаш како тренер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде