Извршниот одбор на СДСМ одлучи да нема предвремени парламентарни избори.

Претходно и премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев изјави дека „верува дека не е добро време за избори“.

– Направивме анализи и истражувања, разговаравме со меѓународните фактори и Општинските организации, Централниот одбор дебатираше и даде насоки уште пред нкеколку седмици, јас верувам дека ќе донесеме одлука – рече пред седницата Заев.

Со вечерашната одлука и дефинитивно отпадна можноста во пакет со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори. Според информациите, на седницата преовладало мислењето дека реформите и интеграциите во моментов се поважни за земјата.

Против предвремени парламентарни избори веќе се изјасни и владиниот партнер на Заев, Али Ахмети, како и дел помали коалициски партнери на СДСМ.

Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.

– СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи, напиша Мицкоски .

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде