Мерките од Оперативниот план за вработување 2019 година обезбедува фер шанси за вработување на младите, преку најразлични обуки и прекфалификации. Преку една од мерките обезбедени се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера за младите, велат од СДСМ.

„Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години кои можат да се вработат преку обуки и прекфалификации.

Важно е тоа што новите работни места како ипотребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.

Дополнително, доколку некое невработено лице не успее да се вработи со оваа мерка, останува можност за искористување на други програми и мерки од Оперативниот план за 2019 година.

Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше реализација од високи 95% и даде одлични резултати. Оправдани се очекувањата дека Оперативниот планот за 2019 година ќе даде уште подобар резултат, пред се за младите луѓе.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде