Човекот што уби речиси 5.000 слона и 50 нилски коњи рече дека воопшто не се кае за тоа што го направил, пишува „Индепендент“.

Рон Томсон од Зимбабве е ловец на диви животни, а неговото име стана познато во јавноста по новиот извештај во кој се наведува дека популацијата на слонови е намалена речиси две третини.

Освен што има убиено илјадници слонови, 80-годишниот маж на својата веб-страница тврди дека убил повеќе од 800 биволи, речиси 60 лава и 40 леопарди, околу 50 нилски коњи и многу други диви животни.

Таткото на две деца, кој го поминал својот живот како чувар во африканските национални паркови, негира дека бил мотивиран од желбата за крв и тврди дека ги убивал дивите животни за да им помогне на нивните популации да преживеат.

„Ако бројот на поединци не се намали, видот ќе ги уништи сопствените живеалишта“, рече Томсон.

Тој ги обвини западните конзерватори дека шират лаги за да извлечат пари од јавноста, а во исто време не разбираат ништо за дивите животни и зачувувањето на нивните живеалишта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде