Денеска се игра германското дерби меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, меч кој предизвикува огромно внимание затоа што истиот може да биде решавачки во борбата за титулата во Бундеслигата.

„Баварците“ заостануваат два бода на табелата зад „милионерите“, па со евентуалент позитивен резултат или во случајов победа ќе ја преземат лидерската позиција на шест кола до крајот што би значало голема предност ако се земе во предвид квалитетот на четата на Ковач и доминацијата на оваа екипа низ изминативе години.

Меѓутоа легендарниот Отмар Хицфилд кој во минатото имаше можност да ги предводи двата тима смета дека мала предност има Дортмунд и тоа поради остварената драматична победа над Волфзбург минатиот викенд и тоа со головите на Пако Алкасер во 90 минута.

-Моментумот е на страната на Дортмунд затоа што тие имаа чувство на достигнување во минатиот меч. Во последните неколку минути тие дада два гола. Ова, секако носи самодоверба и тоа носи посебно расположение. Тоа го видовте. Тие дури објавија слики од соблекувалната како што се славеа играчите. Тоа е нешто навистина посебно. Баерн доживеа неуспех во Фрајбург иако според мене не одигра лошо. Тие беа јасно супериорни и имаа многу шанси, но не постигнаа гол, -порача Хицфилд.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде