Пресметката во тешка категорија во Ливерпул имаше контроверзен финиш, откако Каш Али беше дисквалификуван од дуелот со Дејвид Прајс откако го гризна на стомакот.

Додека двајцата се бореа на рингот во петтата рунда, Али, кој веќе беше предупреден од судијата поради недозволен удар во тилот на противникот, го притисна Прајс на земјата.

Тој се најде над својот противник од Ливерпул, но исфрустриран од слабиот меч се одлучи за неверојатен потег.

Имено, Али го гризна во абдоменот, а откако судијата го забележа сето ова, експресно го дисквалификуваше и му ја додели победата на Прајс.

Покрај дисквалификацијата, се очекува Али да добие и жестока казна која подолго време ќе го оддалечи од боксерските рингови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде