Неверојатно е како еден 29-годишник успеал да ја убеди својата 21-годишна девојка да направи договори со пет осигурителни компании за повреда на работно место и таа дозволила со пила да и ја отсечат раката.

Сечевме гранки на кружна пила и случајно и се отсече левата рака на С.А, тврделе очевидците на “несреќата” во декември 2018-та година во која 21-годишна девојка од Љубљана била тешко повредена – машината и ја отсекла целата рака.

Таткото на нејзиниот 29-годишен партнер С.Ц ја однел на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана во тешка состојба. Сцената била страшна, крв имало на сите страни. Отсечениот дел од раката останал на местото на настанот, но полицијата итно го однела во болнциата и со брза интервенција лекарите успеале да и го спасат животот и да и ја сошијат раката.

Договорила осигурување во пет компании

Не минало многу време, само неколку седмици, а девојката почнала да закрепнува, а неколку осигурителни компании во полиција го пријавиле сомнителниот сплет на околности кои и претходеле на несреќата. Имено, се воспоставило дека 21-годишната девојка непосредно пред страшната несреќа договорила големи осигурителни полиси во случај на несреќа како и животно осигурување. И тоа пет компании кои се занимаваат со осигурување.

Според полисите, осигурителните компании биле должни да и исплатат точно 383.400 евра на девојката веднаш. А ако се покаже дека раката нема да заздрави, тогаш максималната оштета би изнесувала дури милион и 250.000 евра.

Девојката би примала и 3.050 евра месечно, но условот за максимална оштета бил стопроцентен инвалидитет, односно ако останела без рака, што на крајот било спречено со лекарската интервенција.

Како ги откриле?

Девојката околу еден месец по несреќата се јавила во една, па во втора, па во трета осигурителна компанија барајќи исплата на парите, но компаниите одлучиле да побараат помош од полицијата, па клопчето почнало да се одмотува.

Наизглед бизарната несреќа при сечењето на гранки била внимателно планирана. Полицијата се сомнева дека 21-годишната девојка и нејзиното 29-годишно момче осмислиле план како да извлечат пари од осигурувањето и намерно и нанеле тешко повреди со пила, како и дека отсечениот дел од раката намерно го оставиле на местото на несреќата за да добијат максимална, милионска оштета.

“Ваков случај уште сме немале”, рекол Валтер Зрински , лидер на одделот за криминал во љубљанскаа полиција.

Во целата приказна наводно се вмешани и родителите на партнерите, а и тие требало да добијат дел од парите.

Случајно ја убил поранешната девојка?

Пред четири години 29-годишниот С.Ц, наводно случајно, ја застрелал својата тогашна девојка чистејќи го оружјето и тој случај уште е на суд. Родителите на момчето исто така се приведени и испрашани.

Доколку се докаже нивната вина, осомничените за обид за измама би можел да добијат една до осум години затвор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде