Селекцијата на Хрватска доживеа пораз од Германија и на тој начин остана без шанса за медал на Светското првенство. Меѓутоа овој пораз „коцкестите“ добро не го прифатија, а причината за тоа беше судењето на данските арбитри Мартин Гјединг и Мадс Хансен.

Хрватите ги обвинија судиите дека директно влијаеле врз резултат, односно драстично ги оштетиле и ги оставиле без можност да се борат за врвот. Најгласен во критиките беше селекторот Лино Червар кој ги обвини Данците за класична кражба, па дури и побара да бидат елиминирани од судиската организација.

Судиите Гјединг и Хансен вчера се огласија и признаа дека згрешиле, а сега својот став на оваа тема го искажа и првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа.

Мустафа исто смета дека имало одредени грешки, ама ги отфрли обвинувањата и сомнежите дека данската двојка судела во корист на Германија.

-Човечки е да се греши. Гјединг и Хансен се меѓу најдобрите судии на светот. Им веруваме како што му веруваме и на данскиот народ. Не можеме да кажеме дека немаше грешки, ама тоа е човечки. Тие луѓе работат под притисок на гледачите, играчите, тренерите. Нормално е понекогаш да донесеш погрешка одлука, -рече Мустафа и потоа му се обрати на Червар:

-Судиите носат погрешки одлуки, играчите носат погрешни одлуки, ама и тренерите носат погрешки одлуки. Кога ќе се загуби мечот со прст се покажува кон судиите. Ама тоа според мене не е фер,-заврши претседателот на ИХФ.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде